САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот.

Во 1990 година, САВАНА започна да работи со двајца вработени ентузијасти, а денес, моментално во неа веќе работат 18 редовно вработени, високо стручни туристички работници. Во досегашниот период на своето постоење, со исклучиво пазарна ориентираност во работата, САВАНА успеа да оствари просечна годишна продажба од преку 6.000 авионски билети, како и продажба и реализација на повеќе од 30.000 аранжмански пакети во летувања, зимувања, или групни и индивидуални патувања.

Стремејќи се уште од самиот почеток, во достигнување и имплементирање на повисоки стандарди во сопственото туристичкото работење, по углед на тогаш сеуште малубројните туроператори во регионот, САВАНА веќе во далечната 1991 година, започна со инвестирање во професионална едукација на својот персонал, упатувајќи го во етаблираните тренинг центри за сертифицирана и стручна обука, во регионот. Благодарејќи на таа посветеност и истрајност во професионалната определба, веќе на 15.Февруари 1995 година, Туристичката агенција САВАНА стана постојана членка на меѓународната асоцијација IATA, со регистарски број: 76-3 2014 5. Добивањето на IATA лиценцата, како прва туристичка агенција во самостојна и незавсина Република Македонија, за САВАНА значеше и признание и поттик, за да продолжи по замислениот пат на професионално градење и воздигнување во сопствената стопанска гранка.

Секогаш отворена за соработка со своите колеги и партнери од туристичкиот дел на македонското стопанство, спремна да ги гради и споделува со нив сите позитивни искуства, САВАНА уште од самиот почеток на конституирање на новите стопански институции во туризмот во младата држава, зема активно и значително учество во тие процеси. САВАНА е една од основачите и членка на ATAM (Aсоцијација на туристичките агенции на Македонија), како и на СКТМ (Стопанската комора за Туризам на Република Македонија). Со свое учество во органите на управување, во изминатите години САВАНА даваше активен придонес и во работењето на некогашниот Туристичкиот сојуз на Република Македонија, како и во некогашниот Туристичкиот сојуз на Град Скопје.
Според важечкиот Закон за Туризам од 2003 година, како и со последните измени на истиот од 2011г., САВАНА поседува "А" лиценца за Туроператор, доделена од Министерството за Економија на РМ, како и полиса за Осигурување на одговорност од дејност, на вредност до 100.000 EUR.

Секторот за резервации и продажба на авио билети, има професионално обучен персонал со меѓународно искуство, како и искуство стекнато во агенцијата од 1990 година па се' до денес. Сите вработени во своето досие, имаат IATA сертификати, како и сертификати за работа со програмите на глобалните системи за резервации и продажба на авио билети - Amadeus и Galileo. Сите вработени во споменатиот сектор, се спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цена и ред на летање можете брзо и едноставно да се информирате во туристичката агенција. Овој сектор од 2011 година, ја сервисира и новата веб страница www.airtickets.mk за “online” продажба на авио билети, хотелски резервации и “rent a car”, низ сите земји во светот. Истите, можете брзо и ефтино да ги купите преку интернет, со користење на вашата платежна картичка.