МАЛЕЗИЈА

Малезија, три народи, три цивилизации и една земја во срцето на Југоисточна Азија. Ова е подрачје на недопрена природа, внимателно сочувана традиција и волшебни ароми од пазарот на Далечниот Исток. Исто така земја на бујни тропски шуми, интересна историја, разновидна природа, дарежлива и пријатна клима, земја на вечно лето. По уредување Малезија е уставна монархија со султан на чело.

Куала Лумпур е успешен современ град каде што се преплетуваат старите палати, храмови и џамии со широки булевари, модерни висококатници, паркови и градини кои ги красат новите градски плоштади. Куала Лумпур има атракции од разни видови. Голем број одлични клубови и ресторани привлекуваат туристи на луда забава. Сепак најголема атракција во Куала Лумпур е шопингот. Имено, овој град е вистински трговски центар. Имајќи предвид дека историјата на градот не е многу долга, бројот на големи и луксузни трговски центри во голема мера ги надминува историските и културните атракции. Најинтересните работи што треба да ги видите се наоѓаат во неколку области: во центарот на градот, во Златниот триаголник и во северните делови на градот. Надалеку познатиот симбол на градот се состои од кулите Петронас. Ова се два облакодери близнаци со 88 спрата. Тие се високи 452 метри, достигнувајќи го рекордот до 2004 година. Кулите се поврзани со коридор. Во нив се наоѓа седиштето на малезиската компанија за нафта и гас Петронас. Кулите се главниот деловен центар, а во него има уште многу други компании. Поглед од Sky Bridge, мостот што ги поврзува кулите е фасцинантен. 

Островот е познат по долга песочна плажа од дури 20 км која нуди најдобар поглед на зајдисонце во светот. Во Малезија има 878 острови а Палау Лангкави е најнаселен со 65000 жители. Најголемиот дел од островот е покриен со прашума и планиниа целото подрачје од 2007 год. е под заштита на УНЕСКО. Природниот рај не може да се спореди ниту еден тропоски остров во Југоисточна Азија. Убавите песочни плажи и чиста смарагдна вода околу островот се совршени за спортски активности и рекреации. Разновидниот богат подводен свет во водите на овој архипелаг за уживање во снорклинг и нуркање. Лангкави е совршен остров на него може да уживате во природата и разноразни активности или да уживате на плажа и сонце.

Активности на островот:
Уживање на плажи Pantai Kok, Cenang и Pantai Tengah се најубави плажи на Лангкави. Покрај капење и уживање на сонце, на плажите се нуди широк спектар на спортови на вода (скутер, кајак, педалина, сурфање), голем број на ресторани и кафулиња нудат разновидна храна од сите светски кујни, жива свирка и фантастична атмосфера. 

Посета на архипелаг со мали туристички бродови представува одличен начин да се релаксирате и уживате во пејсаж што одзема здив. Доколку одлучите на овој начин да го поминета вашиот одмор земете неколку дена да ги посетите најубавите острови на Лангкави.

Турите со брод траат од 4 до 5 часа. 

Марине парк Pulau Payar: се наоѓа на оддалеченост на 19 наутички милји од Лангкави и го сочинуваат неколку острови со преубава вегетација и богат подводен свет.   Pulau Payar е најпознат остров чии што води се идеални за снорклинг, нуркање и пливање. Неповторливо искуство и атракција која може е пливање со ајкули.

Килим геофорест парк нуди незаборавно искуство за вистинските авантуристи. Со површина од 100 квадратни километри и е карактеристичен со закон заштитена мангрова шума, изолирани плажи со бел песок и сини лагуни.

Жичница и мост:  Уживајте во возење со жичница до врв на Gunung Mat Chincang.  Прекрасен поглед на Андаманското Море и архипелагот Лангкави. На височина од 1000 метри има и мост долг 125 метри. Мостот претставува фасцинантно инженерско достигнување. Никогаш нема да ја заборавите прошетката на овој мост.

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден    СКОПЈЕ
Полетување од Скопје кон Доха 11:40 часот, пристигнување во 18:40 часот. Полетување од Доха за Куала Лумпур во 02:45 часот.
2 - 4 ден КУАЛА ЛУМПУР
Пристигнување во Куала Лумпур во 15:30 часот.
Куала Лумпур е повеќе од обична престолнина, туку е споменик на малезиска генијалност и одлучност. Во оваа метропола доминираат највисоките облакодери во Југоисточна Азија. Храната, шопингот и ноќниот живот заземаат централно место при посетата на овој град. Ноќевање.
5 -12 ден      ЛАНГКАВИ
Внатрешен лет од Куала Лумпур 18:15 часот до убавиот остров Лангкави. Деновите се предвидени за одмор, капење, сончање и истражување на островот. Плажите на овој остров се сметат меѓу најубавите во светот. Островот надалеку е познат по своите природни убавини. Ноќевање.
13 ден       ЛАНГКАВИ - КУАЛА ЛУМПУР 
Лет од Лангкави во 22:50 часот,пристигнување во Куала Лумпур  во 23:55 часот. Полетување од Куала Лумпур во 02:05 час, пристигнување во Доха 05:10 ч. Лет од Доха во 07:00 часот, пристигнување во Скопје 10: 40 часот. 

Галерија

Поврзани блог статии